Свет

Над 200 американски војници ранети од почетокот на нападите врз Иран

Од американската Централна коменда објавија дека најголемиот дел од повредените се вратиле на должност

Бројот на американски војници ранети или повредени за време на американско-израелската кампања против Иран надминува 200 во седум земји, изјави портпаролот на американската Централна команда, капетанот Тим Хокинс, давајќи досега најдетален извештај за тоа.

Тој додаде дека американски војници се ранети во Бахреин, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, првенствено во првите неколку дена од конфликтот.

Некои повреди се пријавени само во последните неколку дена, рече тој, откако симптомите – првенствено од трауматски повреди на мозокот – станаа очигледни.

Повредите се случија откако Иран лансираше бранови ракети и беспилотни летала врз американските позиции и цивилни цели во земјите низ регионот, како одговор на обемната воена кампања на претседателот Доналд Трамп против Иран, која започна пред три недели.

Американските напади во последните денови беа во голема мера фокусирани на уништување на иранските ракетни лансери и складиштата за беспилотни летала, во обид да се ограничи способноста на Иран да возврати, изјавија американските претставници.

Минатата недела портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, откри дека повеќе од 140 американски војници биле повредени во војната, а повеќето брзо се вратиле на должност. Осуммина биле сериозно повредени, рече Парнел тогаш.

Хокинс денеска изјави дека бројот на сериозно повредени војници оттогаш се зголемил на 10, откако воените претставници ги прекарактеризираа повредите на двајца војници ранети во првите денови од кампањата.

Седум американски војници беа убиени во ирански напади, а шестмина загинаа минатата недела откако авион за полнење гориво KC-135 се урна во Ирак, во она што американските воени претставници го оценија како несреќа во која бил вклучен друг авион.

Најзначајниот напад врз американски персонал се случи на 28 февруари во Порт Шуаиб во Кувајт, каде што беспилотно летало погоди центар за тактички операции.

Шест американски војници беа убиени, а уште еден почина од повредите здобиени во нападот во воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top