Свет

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

 

САД испратија дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот достигна повеќе од 50.000, околу 10.000 повеќе од вообичаеното.

Зголемувањето на бројот на војници доаѓа во време кога претседателот Трамп ги разгледува следните чекори во едномесечната војна со Иран, објави „Њујорк тајмс“.

Иако сè уште не е јасно кои ќе бидат точните задачи на 31-та морска експедициска единица, американските претставници велат дека претседателот размислува за поголема офанзива, како што е заземањето на островот Харга или друга територија, како дел од напорите за отворање на Ормутскиот теснец.

Регионот, кој вклучува бази и бродови во Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак, Сирија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, вообичаено има околу 40.000 американски војници.

Но, со ескалацијата на војната во Иран, тој број се зголеми на повеќе од 50.000, според американски воен претставник.

Оваа бројка не го вклучува екипажот од 4.500 војници на носачот на авиони „УСС Џералд Форд“, кој се соочи со низа несреќи и пристигна во Хрватска во петокот. Неговата следна дестинација останува непозната.

Минатата недела, Пентагон, исто така, нареди околу 2.000 војници од 82-та воздушно-десантна дивизија на Блискиот Исток за да му обезбедат на претседателот Трамп дополнителни воени опции. Локацијата на падобранците не е објавена, но тие ќе бидат во домет на Иран.

Падобранците би можеле да бидат искористени за освојување на островот Харг, главниот центар за извоз на нафта на Иран во северниот дел на Персискиот Залив, каде што американските авиони бомбардираа повеќе од 90 воени цели претходно овој месец.

Сепак, воените експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа, кои започнаа во октомври 2023 година.

Коалицијата предводена од САД што го нападна Ирак во 2003 година првично имаше речиси 250.000 војници.

Иран, чија површина е речиси една третина од континенталниот дел на САД, има околу 93 милиони жители. Воените експерти веруваат дека заземањето, а особено задржувањето на контролата врз земја со таква големина, сложеност и вооружување, не е изводливо со 50.000 војници.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top