Свет

Најмалку 27 мртви во пожар во бар во Бангкок (ВИДЕО)

Повеќе од 60 лица беа однесени во болница со повреди

 

Најмалку 27 лица загинаа, а осум се во критична состојба откако пожар зафати бар во популаренкварт во Бангкок (главниот град на Тајланд) во понеделникот вечерта.
Повеќе од 60 лица беа однесени во болница со повреди.

Пожарникарите беа повикани на местото на настанот кратко по полноќ. Тие затекнаа ужасна сцена на местото на настанот, со гости кои бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и бегаат од запалената зграда, а некои паѓаат.

Сведоци велат дека пожарот избувнал во близина на сцената и брзо се проширил. Возач кој минувал ги забележал пламените околу 23:30 часот по локално време. Тој за локалниот медиум Дејли њуз изјавил дека скокнал од својот автомобил и ги скршил прозорците за да им помогне на двете лица да избегаат.

Еден од нив раскажал за АФП како им помогнал на пет лица да избегаат од запален бар, а нивната облека била во пламен. „Скршен сум. Видов премногу смртни случаи и не знам што се случи со луѓето на кои им помогнав“, рече тој.

Официјалната причина за пожарот сè уште е под истрага, изјави премиерот Анутин Чарнвиракул. Тој, исто така, им даде на новинарите сведоштво на музичар кој настапувал во времето на пожарот.

„Тој ми кажа дека пожарот започнал од прекинувач и дека сè се случило многу брзо потоа. Имало експлозии и сите се обидувале да избегаат од чадот и пламенот“, рече премиерот.

„Многу луѓе не успеале да излезат бидејќи истрчале кон задниот дел од зградата, обидувајќи се да се извлечат од чадот и пламенот во тоалетите. Таму пронајдовме повеќето тела“, додаде тој…

 

https://twitter.com/i/status/2076377474162729006

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top