Свет

Напаѓачите од Сиднеј поминале воена обука на Филипините пред нападот

Таткото и синот, Саџид Акрам (50) и Навид Акрам (24), кои го извршија терористичкиот напад на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, престојувале на Филипините од 1 до 28 ноември, еден месец пред нападот во кој загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени.

Таткото и синот, Саџид Акрам (50) и Навид Акрам (24), кои го извршија терористичкиот напад на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, престојувале на Филипините од 1 до 28 ноември, еден месец пред нападот во кој загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени.

Австралиските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, јавуваат дека двајцата поминале „воена обука“ за време на престојот, но ова сè уште не е официјално потврдено. Филипинската полиција и армија започнаа истрага за нивните активности во земјата.

Саџид патувал со индиски пасош, додека Навид со австралиски. Нивната последна дестинација бил градот Давао на југоистокот на островот Минданао, регион познат по активност на исламистички милитанти во сиромашните области.

„Причините поради кои заминале, целта и каде престојувале додека биле таму моментално се испитуваат“, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс.
Двајцата биле приврзаници на „Исламска држава“, со пронајдени симболи и знамиња во нивниот автомобил. Навид, роден во Австралија, пред пет години бил испрашуван од полицијата поради врски со ИД ќелија во Сиднеј, но тогаш не бил проценет како закана. Саџид пристигнал во Австралија во 1998 година и имал дозвола за оружје.

Граѓаните продолжуваат да оддаваат почит на жртвите со меморијали и бденија.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top