Обидот за атентат врз претседателот Доналд Трамп се случил вечерва на вечерата на Белата куќа за дописници.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп биле итно евакуирани од годишната вечера на здружението на дописници на Белата куќа во хотелот Вашингтон Хилтон вечерва, откако се слушнаа истрели и се јави обид за атентат.
Според првичните извештаи, вооружен маж со пушка се обидел да го пробие безбедносниот периметар.
Тој пукал кон агент на Секретната служба, кој беше погоден во заштитната опрема, но не бил повреден.
Напаѓачот е брзо фатен и е во притвор, а сите присутни федерални функционери, вклучително и Трамп, се безбедни.
Очевидец и член на кабинетот, Мехмет Оз, изјавил дека „се слушнаа истрели на горниот кат“ додека бил евакуиран. Околу еден час подоцна, беше јавено дека стрелецот е онеспособен.
Вечерата на Белата куќа за дописници традиционално е настан со хумор и присуство на новинари, политичари и познати личности. Оваа година, инцидентот ја прекина програмата, а полицијата брзо го обезбедила хотелот и го евакуирала подрачјето.
Сеуште нема официјални детали за идентитетот на напаѓачот или за неговиот мотив. Федералните власти, вклучително ФБИ и Секретната служба, спроведуваат истрага.
Ова е најновиот инцидент во низата закани и обиди за атентат врз Трамп во последните години. Претходно, во 2024 година, тој преживеа два атентати – еден на митинг во Батлер, Пенсилванија, и друг во Флорида.
Претседателот Трамп засега не дава подетална изјава која ја најави за околу 5 часот изутрина, но неговите соработници ја истакнуваат високата безбедност и брзата реакција на службите за заштита.
A better look.
pic.twitter.com/LUma8wPDr5— Buzz Patterson (@BuzzPatterson) April 26, 2026
Кабинетот на Трамп во шок и страв
Нови драматични видеа од евакуацијата на министрите на Трамп по обидот за атентат
Портпаролката на Трамп пред атентатот врз Трамп најавила дека ќе бидат ,,испукани куршуми”
Трамп објави видео од атентаторот кој пука во обезбедувањето
Чуден профил на атентаторот врз претседателот на САД