Свет

Орбан до Зеленски: Не можете да нè заплашите!

Унгарскиот премиер во нова кавга со украинскиот претседател по неговиот настап на Светскиот економски форум во Далас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена.

„Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина, Зеленски, треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа Икс.

Во четвртокот Орбан го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, како што велат од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската влада и него лично“.

„Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволно и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме одговор од Брисел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентираше патоказ за развој на Украина. Во него, Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзан пристап во ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година“, рече Орбан.

Според него, Зеленски „поставил сè погрешно“, но дека Брисел е „подготвен да плати“.

„И за тоа ќе кажеме неколку зборови. Доаѓа национална петиција, со која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да плаќаме“, заклучи Орбан.

Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски ги илустрираше своите ставови, меѓу другото, споредувајќи го со филмот „Денот на мрмотот“, велејќи дека Европа, како херојот од филмот, „ги повторува истите зборови“ без да ги менува своите постапки, и покрај изминатата година и повторените апели дека „Европа знае како да се брани“.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top