Свет

Орбан: Можеше да има мир, но Брисел избра војна

Мирот можеше да биде тука, под претседателот Трамп, ако оние во Брисел само престанеа да го попречуваат

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската Унија за поттикнување војна во Украина и за опструкција на мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Брисел избра војна. Тие формираа „Коалиција на волјата“, подготвена да ги испрати другите во смрт.
Повеќе оружје, повеќе пари за Украина: тие го направија конфликтот свој.
Мирот можеше да биде тука, под претседателот Трамп, ако оние во Брисел само престанеа да го попречуваат патот напред“, објави тој на социјалните медиуми, пренесуваат медиуми.

Одделно, унгарскиот премиер изјави за радио Кошут дека неговата влада работи на избегнување на одлуката на ЕУ да го забрани увозот на енергија од Русија.

Рафинериите во Унгарија и Словачка, со вкупен капацитет од 14,2 милиони тони сурова нафта годишно, зависат од руската сурова нафта транспортирана преку нафтоводот Дружба.

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top