Македонија

Српски свет, СДСМ, Фрчкоски, Трамп, Вучиќ, Пленковиќ, Стоиљковиќ и Илиевски

Се чека одговор од Бихаќка

Интересна комуникација на социјалните мрежи во која се споменуваат СДСМ, Фрчкоски, Трамп, Вучиќ, Пленковиќ, Стоиљковиќ и Илиевски.

Во дебатата се судрија СДСМ од каде обвинуваат дека вицепремиерот Иван Стоиљковиќ отишол на пат во Кина и новинарот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој прашува дали на Бихаќка му се лутат и на Трамп кој исто така беше на службен пат во Кина.

По критиките од СДСМ за работната посета на Стоиљковиќ на Кина, Илиевски праша дали ,,српскиот свет” кој го измислија бугарски европратеници а го користи Бихаќка, го опфаќа и хрватскиот премиер Пленковиќ кој вчера во Охрид со македонскиот шеф на владата Христијан Мицкоски потпиша стратешки договор со Македонија.

На тоа одговори функционерот на СДСМ Јон Фрчкоски кој беше сликан како корисник на кокаин, со порака дека тоа треба да се провери со Стоиљковиќ по враќање од Кина.

Во контраодговорот Илиевски меѓу редови прашува дали и американскиот претседател Доналд Трамп кој е шеф на држава стратешки партнер на Македонија, е дел од ,,српскиот свет” затоа што пред краток период ја посети Кина.

,,Да го проверам со Трамп? И тој се врати од службен пат од Кина”, прашува Илиевски на што засега не добива одговор од СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

To top