Свет

Орбан со совети до Маѓар за бриселските бирократи

Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка

Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности.

– Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина, напиша Орбан на социјалната мрежа X.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, вчера положи заклетва, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Неговата партија Тиса има 141 од 199 места во новиот парламент, иако само пред две години, кога беше основана партијата, немаше ниту едно. Фидес на Орбан падна од 135 на 52 места.

Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

За време на инаугурацијата на Маѓар за нов премиер, знамето на ЕУ беше повторно кренато на зградата на Парламентот во Будимпешта, за прв пат откако владата на Орбан го отстрани во 2014 година.

Виктор Орбан по заминувањето од премиерската функција одлучи да се откаже и од пратеничкото место и најави дека ќе работи на обновување на партијата.

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

Најнови вести

To top