Свет

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Криста Гејл Пајк, 50-годишна затвореничка осудена на смрт во Тенеси, преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две дози пентобарбитал. Таа продолжи да дише речиси еден час по почетокот на постапката и потоа беше пренесена во болница; гувернерот Бил Ли потоа ги запре преостанатите погубувања закажани за оваа година и нареди независна истрага.

Погубувањето започна во средата навечер во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Нешвил. Пајк требаше да биде погубена со употреба на пентобарбитал, лекот што Тенеси го користи за смртоносни инјекции.

Според извештаите на новинарите кои присуствувале на постапката, Пајк изгубила свест откако ѝ бил даден лекот, но продолжила да дише. По примањето на втората доза, од просторијата уште некое време можеле да се слушнат звуци на ’рчење.

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот.

По инцидентот, Одделот за поправни установи на Тенеси соопшти дека затворските службеници ги следеле сите чекори наведени во официјалниот протокол. Тие изјавија дека протоколот не предвидува дополнителни постапки по давањето на две дози. Пајк потоа била пренесена во медицинска установа надвор од затворот.

Деталите за нејзината моментална здравствена состојба сè уште не се објавени.

По неуспешното погубување, гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги запре преостанатите погубувања закажани за оваа година и нареди независна истрага за целата постапка.

Целта на истрагата е да се утврди што се случило за време на обидот за погубување и дали протоколот бил спроведен според прописите. Адвокатите на Пајк презедоа чекори штом стана јасно дека таа го преживеала обидот за погубување.

Самиот факт што погубувањето било неуспешно не значи дека нејзината смртна пресуда е автоматски поништена.

Сепак, нејзините адвокати тврдат дека нов обид би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од Уставот.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top