Свет

Отпадна дел од крило на „боинг“ – патниците во паника (ВИДЕО)

Патниците го забележале тоа и алармирале по пто авионот итно слетал

Дел од крилото на Боинг на компанијата „Делта ерлајнс“ делумно се одвоил за време на летот, пред авионот да слета во Тексас, објавија американските медиуми.

Патниците на Боинг 737, кој летал од Орландо, Флорида, до Остин, забележале дека дел од крилото се одвоил во еден момент, објавува „Њузвик“.

Авионот безбедно слета во Остин, а потоа беше испратен на поправка откако беше утврдено дека дел од левиот капак се одвоил. Компанијата им се извини на патниците за непријатностите, нагласувајќи дека безбедноста на персоналот и клиентите е на прво место.

Според CNN, патниците биле во паника:

„Мислевме дека е силна турбуленција. Целиот авион се тресеше. Жената пред нас погледна низ прозорецот и ни кажа дека крилото е скршено. Погледнав низ прозорецот и се исплашив“, рече еден од патниците на овој лет.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top