Свет

Папата ненадејно излезе од Ватикан – светот го виде новиот „папамобил“

Папата Лав XIV вчера ненајавено го направи своето прво патување надвор од Ватикан, во италијанскиот град Џенацано, на околу еден час возење источно од Рим, за да го посети светилиштето на Дева Марија. Новиот папа пристигна на ненајавена посета на совозачкото седиште на „Фолксваген“, а толпата собрана пред светилиштето на Богородица од добриот совет го […]

Папата Лав XIV вчера ненајавено го направи своето прво патување надвор од Ватикан, во италијанскиот град Џенацано, на околу еден час возење источно од Рим, за да го посети светилиштето на Дева Марија.

Новиот папа пристигна на ненајавена посета на совозачкото седиште на „Фолксваген“, а толпата собрана пред светилиштето на Богородица од добриот совет го поздрави со извици и аплауз.

Се чини новиот „папамобил“ на Ватикан ќе биде „Фолксваген“ – комбе VW Multivan.

Лав Четиринаесетти, поранешниот американски кардинал Роберт Превост, се ракуваше и благослови неколку луѓе пред да влезе во светилиштето.

По посетата, Папата им рече на собраните во светилиштето дека сака да дојде и да се моли за водство во раните денови од неговиот понтификат, според соопштението од Ватикан. Папата Франциск, кој почина на 21 април, често се појавуваше ненадејно во католичките светилишта во близина на Рим.

Папата Лав XIV. Потоа го посети гробот на папата Франциск во базиликата „Света Марија Велика“ и се помоли.

Најнови вести од: Свет

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

To top