Македонија

Денеска состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, спроведувањето на неопходните реформи и јакнењето на регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат во фокусот на денешниот Самит

Домаќин на самитот е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а коорганизатори се претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

На Самитот ќе учествуваат вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, како и претседателите на Албанија и на Косово, Бајрам Бегај и Јустина Широка-Пула.

Покрај европската интеграција и регионалната соработка, лидерите ќе разговараат и за актуелните европски и регионални предизвици, поврзувањето, прашањата за животната средина и создавањето подобри можности за вработување на младите.

Почетокот на состанокот е најавен за 11 часот, а за 14:30 часот е предвидена заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова, Пирц Мусар и Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива основана во 2013 година со цел да се поттикне интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и да се придонесе за стабилноста на регионот преку зајакнување на соработката и решавање на отворените прашања.

Последниот самит се одржа во октомври минатата година во Албанија, кога лидерите усвоија заедничка декларација во која истакнаа дека добрососедските односи, регионалната стабилност и помирувањето се темел на европската иднина на Западен Балкан. Во декларацијата беше нагласена и важноста од заедничко соочување со современите безбедносни предизвици, сајбер-заканите и последиците од климатските промени.

Овогодишниот самит првично требаше да се одржи во мај на Бриони, но беше откажан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, поради заострувањето на односите меѓу Белград и Загреб. Причина за откажувањето беа изјавите на тогашниот српски претседател Александар Вучиќ за ракетните капацитети на Србија и неговите предупредувања за можни напади од Хрватска, Албанија или Косово.

Инаку, собирот во Охрид се одржува под засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај низ градот и околината, со физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите предвидени со протоколот за посетата.

Се спроведуваат мерки за обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот на трасите по кои ќе се движат возилата под придружба. Посебно внимание е посветено на булеварот „Туристичка“ во Охрид, дел од автопатот Охрид-Кичево, централното градско подрачје во Струга, регионалниот пат Струга-Дебар, како и на други улици и сообраќајници каде што не е дозволено запирање и паркирање моторни возила.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен и своите возила да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на сите учесници.

Состанокот на лидерите од земјите вклучени во Процесот Брдо – Бриони во Охрид го следат голем број новинарски екипи, не замо од земјава туку и од регионот. МИА

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top