Свет

Петчасовен американски напад врз Иран

Американската војска рано утрово објави дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран „трета ноќ по ред“

 

 

„За време на петчасовната мисија, американските сили успешно нападнаа воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, објави Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на платформата X.

САД ги започнаа новите напади рано во вторник по европско време, што претставува нова ескалација меѓу двете страни во време кога американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека договор со Техеран е сè уште „можен“.

CENTCOM претходно соопшти дека војската започнала „трета ноќ по ред напади врз Иран“, откако Трамп објави дека САД ќе „удрат силно“ врз Иран вечерва.

Обединетите Арапски Емирати во вторникот објавија дека иранските ракетни напади врз два нивни танкери во Ормутскиот теснец, при што загинал еден член на екипажот.

Трамп претходно објави на својата социјална мрежа Truth Social дека САД ќе ја преземат контролата врз овој клучен морски премин и дека повторно ќе се воспостави блокада на иранските пристаништа, пишува France Presse.

Американската војска објави дека блокадата ќе стапи на сила во вторник во 22 часот по централноевропско време, додаде француската агенција.

Трамп објави дека, исто како што Техеран сака да воведе такси за премин низ Ормускиот теснец, САД ќе воведат цена од „20 проценти од вредноста на товарот“.

САД ќе го контролираат Ормускиот Теснец и ќе наплаќаат со 20 отсто од товарот, најави Трамп!

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, му одговори на платформата X, велејќи дека Иран „отсекогаш бил чувар на теснецот и ќе остане таков засекогаш“.

Трамп е „апсолутно во право“, продолжи иранскиот министер за надворешни работи.

„Кој и да обезбеди безбеден и непречен премин на трговски бродови во Ормускиот теснец, треба да биде платен“.

„20 проценти е очигледно премногу. Ќе бидеме фер“, заклучи Аракчи.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top