Свет

Полска пресретна руски авион над Балтичкото Море

Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

facebook.com/NATO.AIRCOM

Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море.Ова е трет сличен инцидент оваа седмица.

Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, прецизираше Оперативната команда на полските вооружени сили, но, како и во претходните инциденти, тој не поднел план за летање и неговите транспондери биле исклучени.

„Ова е веќе трета слична ситуација за оваа седмица, што ја потврдува засилената активност на руската авијација во регионот на Балтикот“, нагласува Армијата.

Земјите од источното крило на НАТО се во зголемена готовност за потенцијални нарушувања на воздушниот простор од септември, кога три руски воени авиони го нарушија воздушниот простор на Естонија во траење од 12 минути, само неколку дена откако над 20 руски дронови навлегоа во воздушниот простор на Полска.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top