Свет

Поранешниот американски претседател Џо Бајден опериран од рак на кожа

Поранешниот американски претседател Џо Бајден неодамна беше подложен на операција за отстранување на канцерогени клетки од кожата, соопшти неговиот портпарол, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.

instagram.com/joebiden

Поранешниот американски претседател Џо Бајден неодамна беше подложен на операција за отстранување на канцерогени клетки од кожата, соопшти неговиот портпарол, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.

Операцијата, позната како Мохс хирургија, се користи за лекување на најчестите форми на рак на кожата. Претходно годинава, канцеларијата на Бајден објави дека му е дијагностициран агресивен, но лечлив рак на простатата, потсетува ДПА.

Бајден, кој го заврши претседателскиот мандат во јануари, е најстариот претседател во историјата на САД. Тој планираше повторно да се кандидира за претседател од Демократската партија во 2024 година, но се повлече од трката по неколку слаби настапи, вклучително и катастрофалната телевизиска дебата со Доналд Трамп, што предизвика загриженост за неговата физичка и ментална способност за вршење на функцијата.

Најнови вести од: Свет

(ВИДЕО) Предлогот за ,,Министерство за незадоволни жени“ донесе хаос и голема тепачка

Опозицијата предлага ,,Министерство за незадоволни жени“ со цел да се зголеми наталитетот по што што портпаролот на владата ги прашува дали и нивните мајки ќе бидат дел од него

Најнови вести

To top