Свет

Потпретседателот на САД против членство на Украина во НАТО

Партнери сме со Киев, но не сме во формален сојуз и интересите ни се разликуваат одвреме-навреме, изјави Џеј Ди Венс

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, не ги смета Вашингтон и Киев за сојузници и се спротивставува на пристапувањето на Киев во НАТО.

„Секако сме партнери, но мислам дека нашите интереси се разликуваат одвреме-навреме. На пример, тие не треба да ги напаѓаат руските рафинерии за нафта“, рече Венс, одговарајќи на новинарско прашање.

„Немаме формален сојуз со Украина. Таа не е членка на НАТО и не мислам дека треба да се приклучи на НАТО“, нагласи заменикот на американскиот потпретседател Доналд Трамп.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина

Многу од руските напади успеваат затоа што сè уште се во сила ограничувањата на брзината на работа на терминалите „Старлинк“ долж линијата на фронтот и на привремено окупираните територии

To top