Свет

Повеќе од половина од граѓаните на Полска не би ја бранеле земјата

Дури 57 проценти од испитаниците одговориле дека „немаат намера да се пријават“ доброволно

Повеќе од половина од Полјаците немаат намера да се приклучат на одбраната на земјата во случај на војна, според најновото истражување спроведено од Институтот за истражување „Полстер“. Само малку повеќе од една четвртина од испитаниците изразиле подготвеност да ја поддржат армијата, објавува „Полсат њуз“.

Прашањето во анкетата – нарачана од таблоидот „Супер експрес“ –  гласело:
„Во случај на војна, дали сте подготвени да се пријавите како волонтер во армијата или активно да ја поддржите армијата во нејзините акции?“

Новинарите ги опишале резултатите како „изненадувачки“.

Дури 57 проценти од испитаниците одговориле дека „немаат намера да се пријават“.

Само 26 проценти од анкетираните изразиле подготвеност да се пријават во армијата или во некоја друга форма на одбрана на Полска, додека 17 проценти не знаеле што би направиле во таква ситуација.

Авторите на статијата во која беа објавени резултатите забележуваат дека „причините за таквата одлука можат да бидат мотивирани на многу начини, а во случај на вистинска војна, многу луѓе може да ја променат својата перспектива“.

Повод за анкетата беа руските беспилотни летала кои паднаа на полска територија неделава која измина.

Од „Супер експрес“, истакнуваат дека неодамнешните настани поттикнаа „разгорување на дискусиите за безбедноста и можна војна во Полска“.

Анкетата беше спроведена на репрезентативен примерок од 1.020 возрасни Полјаци, со максимална грешка во проценката од околу 3 проценти.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top