Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Осврнувајќи се на одлуката на Белата куќа, Карни му одржа и кратка лекција на Трамп за историјата на името на езерото. „Името на езерото Онтарио потекнува од зборот „Ontari’io“ од јазикот на народот Вендат, што, сосема соодветно, значи ‘езерото е убаво, езерото е големо’. Тоа име е старо повеќе од 400 години, што значи дека настанало пред Канадската конфедерација и Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, рече Карни.

Тој истакна дека, и покрај одлуката на САД, во Канада езерото ќе го задржи името што го носи повеќе од 400 години. „Знаеме дека Америка се менува. Се менуваат нејзините трговски односи, надворешната политика, националните споменици и хидронимите. Канаѓаните исто така знаат дека именувањето на реалноста подразбира дека тоа е езерото Онтарио – некогаш, сега и засекогаш“, порача канадскиот премиер.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот потпиша извршна наредба со која езерото Онтарио, во американскиот систем на географски имиња, се преименува во „Езеро Америка“, во услови на ново заострување на трговскиот спор со Канада. Со наредбата Трамп му наложи на американското Министерство за внатрешни работи да го промени името во американската служба за географски имиња, но Канада не е обврзана да ја прифати промената.

Потегот доаѓа откако пропаднаа преговорите меѓу двете земји, а Вашингтон најави царини од 50 отсто за канадска стока вредна 20 милијарди долари.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

To top