Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објавија шпанските медиуми.
Тој го најави овој потег во вонредно обраќање утринава, откако Парламентот во петокот ги отфрли владините мерки за справување со станбената криза.
„Има смисла сега да се распишат избори. Малку е веројатно дека ќе се појави поповолна ситуација. Тоа е ризик – тој би можел да ја изгуби власта – но не верувам дека ќе има посоодветен момент“, коментираше политичкиот аналитичар Едуардо Бајон.
Педро Санчез изјави дека за спроведување на реформите „ни треба поддршка од народот“ и „пошироко прогресивно мнозинство“ способно да го „совлада отпорот на елитите“, пренесе Би-Би-Си.
Неговата влада минатата недела не успеа да обезбеди доволна поддршка во Конгресот за пакетот мерки насочени кон решавање на станбената криза во земјата.
Малцинската влада на Санчез не успеа да добие поддршка ниту од своите сојузници, ниту од опозициските партии.
Во последните месеци, левичарската влада се соочува со значителен притисок: нема мнозинство во Конгресот, кризата во Сеута предизвика остри критики, а иселувањето на 87-годишна жена од нејзиниот дом во Мадрид ги истакна проблемите поврзани со станбената криза и растот на цените.