Свет

Путин: БРИКС нема да брза со воведување единствена валута

Воведувањето на единствена валута треба „да се направи многу внимателно“ и тоа засега не е цел

Рускиот претседател изјави дека БРИКС во моментов не планираат да воведат единствена валута за блокот.

Во интервју за „Индија тудеј“, Путин нагласи дека „нема потреба од брза акција“ по ова прашање, бидејќи прераното воведување на заедничка валута може да доведе до „сериозни грешки“.

Тој го наведе примерот на Европската Унија, која го воведе еврото во време кога некои земји од еврозоната беа „економски неподготвени“ и рече дека тој чекор предизвикал проблеми.

Рускиот претседател инсистираше дека воведувањето на единствена валута треба „да се направи многу внимателно“ и истакна дека тоа засега не е цел на БРИКС.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top