Свет

Разорен земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија (ВИДЕО)

Епицентарот на земјотресот се наоѓал покрај северниот брег на островот Флорес, околу 68 километри северозападно од крајбрежниот град Енде.

Моќен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија рано во саботата, при што загинаа најмалку 20 лица. Потресот предизвика масовна паника и уривање на згради и домови во регион склон кон смртоносни земјотреси.

Властите издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше укинато, но имаше десетици последователни потреси, вклучувајќи еден со јачина од 6,1 степен. Цунами-бранови помали од еден метар беа регистрирани во неколку области.

Индонезиската агенција за геофизика BMKG го регистрираше првиот земјотрес во 4:58 часот по локално време, на длабочина од 15 километри, во регионот Флорес.

Гувернерот на покраината Источна Нуса Тенгара, Емануел Мелкиадес Лака Лена, на прес-конференција изјави дека пет лица загинале откако урнатините паднале врз нив додека спиеле.

Видеоснимок потврден од Ројтерс од пристаништето во Маумере покажува делови од зграда како се срушени и урнатини, додека луѓето врескаат и трчаат по улицата. Маумере е главниот град на регентството Сика на островот Флорес.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал покрај северниот брег на островот Флорес, околу 68 километри северозападно од крајбрежниот град Енде.

Жителите во регентството Нагекео, областа најблиску до епицентарот, веднаш по земјотресот се упатиле кон повисоки места.

„Одеднаш почна да се тресе и се испаничив“, изјави за АФП 31-годишниот службеник Лукас Лотар. „Пациентите исто така избегаа од болницата, потресот беше силен. Видов дека некои ѕидови беа испукани.“

Жителот на Нагекео, Јоханес Бабо (56), рече дека бил на пазар кога се случил земјотресот.

„Тресењето беше силно. За среќа, веќе бевме надвор од куќата“, рече тој. „Луѓето паничеа, трчаа тука и таму. Засега се евакуираме… и се обидуваме да стигнеме до ридовите. Моето семејство е безбедно. Никој не беше повреден.“

Властите издадоа предупредување за цунами, но подоцна го повлекоа откако агенцијата BMKG соопшти дека мониторингот не покажал значителни промени на нивото на морето.

Снимките емитувани на индонезиската телевизија покажаа стотици луѓе во областа Нагекео како ја евакуираат областа опкружена со урнатини од оштетени згради.

Земјотресот беше почувствуван низ поголемиот дел од островот Флорес, а првичните извештаи укажуваат на големи штети.

Јохана Ембу, жителка на Сика, рече дека голем број згради биле оштетени од силниот тресење, а луѓето во паника истрчале на повисоки места.

„Многу згради тука беа оштетени… Видов дека чекалната на пристанишниот терминал во Маумере се срушила“, рече таа.

Индонезија, дом на повеќе од 17.000 острови, е склона кон земјотреси и вулканска активност поради својата локација на „Огнениот прстен“ – лак од вулкани и раседни линии во Тихоокеанскиот басен.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Најнови вести

To top