Свет

Речиси 700 американски војници ранети во војната со Иран

Тие се повредени во напади со ракети и со дронови врз американските воени бази на Блискиот Исток, како и во други борбени ангажмани, објави Асошиејтед прес

Околу 700 американски војници беа повредени во напади со ракети и со беспилотни летала врз американските воени бази на Блискиот Исток, како и во други борбени ангажмани, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Повеќето од повредените претрпеле трауматски повреди на мозокот поврзани со изложеност на експлозија и потрес на мозокот.

Агенцијата забележува дека дури и навидум благите повреди можат да имаат долгорочни последици, вклучувајќи оштетување на меморијата, хронични главоболки, вртоглавица и когнитивно оштетување.

Најнови вести од: Свет

Најнови вести

To top