Свет

„Релативно сме блиску до дипломатско решение“, тврди рускиот пратеник во Вашингтон

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази оптимизам за можноста за дипломатско решение за прекинување на војната во Украина, тврдејќи дека Русија, САД и Украина се блиску до договор.

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази оптимизам за можноста за дипломатско решение за прекинување на војната во Украина, тврдејќи дека Русија, САД и Украина се блиску до договор. По пристигнувањето во Вашингтон, Дмитриев во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека втора средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не е откажана и може да се одржи на друг датум.

„Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“, рече Дмитриев, без да даде конкретни детали. Тој го пофали украинскиот претседател Зеленски за признавањето на линиите на фронтот, велејќи: „Фактот што претседателот Зеленски сега признава дека ова се бојни линии е голем потег од негова страна. Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да се повлече, па всушност мислам дека сме релативно блиску до дипломатско решение“.

Дмитриев пристигна во Вашингтон кратко време по воведувањето на американските санкции кон руските нафтени компании Росњефт и Лукоил, чија цел е притисок врз Москва за ставање крај на војната. Според него, санкциите ќе имаат контраефект: „Тие само ќе доведат до зголемување на цената на бензинот на американските бензински пумпи“.

Тој одби да открие со кои американски претставници ќе се сретне, но според „Аксиос“, Дмитриев ќе разговара со специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, во текот на денот.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top