Свет

Рубио: Членството на Украина во НАТО „не е на масата“

Вашингтон во моментов е фокусиран на ставање крај на вијната меѓу Киев и Москва, изјави американскиот државен секретар

Членството на Украина во НАТО во ммоментов не се разгледува, бидејќи Вашингтон е фокусиран на ставање крај на конфликтот меѓу Киев и Москва, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Прашан за ставот на Вашингтон во врска со барањето на Украина за пристапување кон воениот блок предводен од САД, за време на заедничката прес-конференција со исландската министерка за надворешни работи Торгердур Катрин Гунарсдотир во Рејкјавик, Рубио рече дека „за тоа не постои одговор од типот ’да‘ или ’не‘“.

Приемот на Украина во воениот блок предводен од САД „не е на дневен ред во овој момент“, појасни тој, истакнувајќи дека за таков потег би била потребна едногласна согласност од сите 32 земји-членки на НАТО.

„Во моментов, кога станува збор за Украина, едноставно сме фокусирани на ставање крај на овој конфликт“, рече Рубио, додавајќи дека Вашингтон е подготвен да одигра „конструктивна улога“ во мировниот процес.

Украина го постави членството во НАТО како клучна надворешнополитичка цел по превратот на Мајдан во Киев во 2014 година, а подоцна таа цел ја вгради и во својот Устав. Во септември 2022 година, Володимир Зеленски официјално поднесе барање за „забрзано пристапување“ кон Алијансата.

Меѓутоа, НАТО никогаш не постави распоред за прием на Украина, а неколку земји-членки се спротивставија на овој потег.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ја отфрла можноста Украина да се приклучи на НАТО како дел од потенцијалното мировно решение. Пред неговиот состанок во Белата куќа со Зеленски во февруари 2025 година, кој заврши во жестока размена, Трамп им рече на новинарите: „НАТО – можете да заборавите“.

Администрацијата на Трамп неодамна го интензивираше својот дипломатски притисок за решавање на конфликтот во Украина, при што претставниците на претседателот Стив Виткоф и Џаред Кушнер минатиот месец ги посетија Москва и Киев на разговори со двете страни.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top