Свет

Русија го нападна Киев во пресрет на средбата Трамп-Зеленски

Во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град

Киев и други украински региони беа нападната со руски ракети и беспилотни летала пред клучната средба меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за договор за прекин на речиси четиригодишната војна, јави Њујорк тајмс.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида.

Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.

Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Инаку, во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град.

Пред нападите во текот на ноќта, Зеленски рече дека неговите разговори во Флорида, кои ќе се одржат утре, ќе се фокусираат на територијата што секоја страна ќе ја контролира по завршувањето на борбите што започнаа во февруари 2022 година со инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз нивниот помал сосед – најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна.

Експлозии одекнуваа во Киев, украинските системи за воздушна одбрана беа активирани, а војската објави на апликацијата Телеграм дека се распоредуваат ракети.

Воздухопловните сили соопштија дека руски беспилотни летала го таргетираат регионалниот главен град на североистокот и југот на земјата.

Трамп: Зеленски „нема ништо додека јас не одобрам“

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top