Свет

Русија треба да исчезне, вели шефот на кабинетот на Зеленски

На руската територија треба да се основаат неколку регионални држави за светот да биде побезбеден, смета Кирил Буданов

Кирил Буданов, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека основната идеологија на Русија никогаш не се променила, поради што, како што наведе, Украина мора да создаде услови под кои Русија „ќе исчезне како империја“.

„Промената на режимот во Русија не ја промени нејзината суштина. Без оглед на нејзиното сегашно име, нејзината основна идеологија не се промени“, нагласи Буданов во интервју за независниот арапски портал „Ал-Модон“.

Тој посочи на фактот дека руската влада, ниту во царската ера, ниту во советската ера, ниту сега, не си поставила цел да ги подобри условите за живот на своите граѓани.

„Општо земено, политиката на сегашниот руски претседател не се разликува значително од политиката од царската или советската ера. Исто така, не треба да очекуваме дека Русија повторно ќе се промени поради внатрешни фактори. Треба да создадеме услови под кои Русија ќе исчезне како империја“, рече Буданов.

На територијата на Русија, додаде тој, треба да се основаат неколку регионални држави, од кои секоја ќе се грижи за благосостојбата на својот народ.

„Само тогаш Украина, Европа и целиот свет ќе се чувствуваат побезбедно“, заклучи Буданов.

Шефот на кабинетот на Зеленски претходно во интервју за британскиот новинар Пирс Морган изјави дека украинскиот претседател не верува дека ситуацијата ќе се промени ако неговиот рускиот колега Владимир Путин биде отстранет, бидејќи, како што изјави, „коренот на проблемот лежи не само во личноста на диктаторот, туку и во системот на владеење што тој го изградил, кој може да создаде ‘нов Путин’ дури и по отстранувањето на сегашниот шеф на Кремљ“.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top