Свет

Русија тврди дека „ослободила“ 205 населени места во Украина годинава

Од 1 јануари до 25 септември под руска контрола паднале 4,7 илјади квадратни километри, објави Министерството за одбрана

„Во периодот од 1 јануари до 25 септември 2025 година единиците на руските вооружени сили ослободија повеќе од 4.714 квадратни километри преку решителни акции“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Конкретно, во „Донецката Народна Република“ под руска контрола паднале повеќе од 3.308 квадратни километри, над 542 квадратни километри во Харковската област, над 261 квадратен километар во Запорошката област, над 223 квадратни километри во Сумската област, над 205 квадратни километри „Луганската Народна Република“ и над 175 квадратни километри во Дњепропетровската област.

„Во овој период 205 населени места во зоната на Специјалната воена операција беа ослободени и стапија под целосна контрола на руските вооружени сили“, се додава во соопштението.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top