Свет

Русија ѝ ветила поддршка на Венецуела против блокадата од САД

Лавров изразил силна солидарност со народот на Венецуела во телефонскиот разговор со својот венецуелски колега Хил

Министрите за надворешни работи на Русија и на Венецуела, Сергеј Лавров и Иван Хил, разговараа телефонски, а во таа пригода руската страна ја потврди својата подготвеност да го поддржи Каракас во спротивставувањето на американската блокада.

Хил на својот Телеграм канал изјави дека Лавров нагласил оти Москва ќе ѝ пружи на Венецуела сеопфатна соработка и поддршка во спротивставувањето на блокадата, како и целосна поддршка за активностите што се спроведуваат во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Според него, за време на разговорот била дискутирана и ситуацијата во Карипскиот регион, вклучувајќи ги, како што изјавил, агресивните потези на Соединетите Американски Држави и грубите прекршувања на меѓународното право, како што се нападите врз бродови, вонсудските убиства и акти на пиратство, за кои Каракас смета дека е одговорен Вашингтон.

Хил додаде дека Лавров ја истакнал недозволивоста на ваквите дејствија, изразил силна солидарност со народот на Венецуела и потврдил дека Русија ја поддржува таа земја во заштитата на регионалниот мир и принципите на меѓународното право.

Соединетите Американски Држави го оправдуваат своето воено присуство во Карипскиот регион со борба против трговијата со дрога.

Во текот на септември и октомври американските вооружени сили постојано уништуваа бродови во близина на брегот на Венецуела, за кои се вели дека превезуваат дрога, а Доналд Трамп отворено му се закани на нивниот претседател Николас Мадуро.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top