Свет

Руската војска се прилагодува побрзо од НАТО, според француски адмирал

Пјер Вандие, командант за трансформација на Алијансата, ги повика членките да трошат повеќе за технолошки развој

Руската војска веројатно е побрза во прилагодувањето кон брзоразвивачките технологии на бојното поле отколку НАТО, изјави адмиралот Пјер Вандие, врховен командант на воениот сојуз за техничка трансформација.

Зборувајќи во Националниот прес-клуб во вторникот, Вандие рече дека Алијансата заостанува зад темпото на технолошка адаптација што руската војска го покажа во војната во Украина.

„Русија е многу добра во прилагодувањето и веројатно е подобра од нас денес“, рече францускиот адмирал, повикувајќи ги членовите на блокот да инвестираат повеќе во воени технологии. „Бевме многу статични, многу предвидливи“.

Минатиот месец, директорот на Европскиот механизам за стабилност, Пјер Грамења, предложи членовите на сојузот да ги искористат своите резерви за економска помош за да мобилизираат уште 500 милијарди евра за трошоци за оружје.

И покрај огромните финансиски инјекции, индустријата за производство на оружје на ЕУ постојано забележува недостиг во обезбедувањето артилериска муниција за Украина. Според највисоката дипломатка на Унијата, Каја Калас, во октомври од тоа што му го ветиле на Киев испорачале околу 300.000 гранати помалку.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top