Свет

Руски беспилотни летала соборени над Полска!

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите

 

Војската на Полска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда.

Се додава дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.

Делови на беспилотни летала се пронајдени во близина на гробишта во градот Чесники, во југоисточна Полска, потврди локалното обвинителство, додавајќи дека никој не е повреден според досегашните наоди.

Голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор синоќа, изјави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека беспилотните летала што претставуваа директна закана биле соборени.

„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала, кои претставуваа директна закана, беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша најновиот руски напад врз Украина, за време на кој беспилотните летала влегоа во полскиот воздушен простор, како „уште еден чекор на ескалација“.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top