Свет

Руски шаман ќе жртвува 60 камили како поддршка за Путин

Жртвувањата ќе помогнат да се „отстрани негативноста и секаков вид проблеми“ во Русија, уверува шаманот Цибаков

 

Во Иркутската област, Артур Цибиков – водач на организацијата „Вечно сино небо“ со седиште во Ангарск – јавно објави дека ќе жртвува 60 камили за да „побара поддршка од словенските богови“.

Во интервју за публикацијата „Луѓе од Бајкал“ тој објасни дека ќе го изведе ритуалот за да ѝ помогне на Русија да победи во војната против Украина.
Шаманот од Ангарск ги поддржува руските власти, додека неговите противници се плашат отворено да го критикуваат.

53-годишниот Артур Цибиков планира да започне „маратон“ – како што тој ја нарекува оваа серија жртвувања – овој месец.

Неговата намера е да жртвува по пет камили секој месец, во текот на една година.

„Ќе дојдат сите богови на нашите предци; ние ќе ги нахраниме.“

Според Цибиков, жртвувањата ќе помогнат да се „отстрани негативноста и секаков вид проблеми“ во Русија.

„Мораме да ја искористиме можноста да им се заблагодариме на боговите на нашите предци за тоа што живееме овде – иако речиси ништо не разбираме“, изјави Цибиков во едно видео обраќање.

Поимот шаманизам опфаќа традиционални верувања и пракси што ја вклучуваат способноста да се дијагнозира, лечи, и понекогаш да се предизвика човечко страдање заради посебна врска или контрола над духовите. Се верува дека шаманите се способни да го контролираат времето, да контактираат со боговите, да објаснуваат сништа, да изведуваат астрални проекции, како и да патуваат низ горните и долните светови.

Најнови вести од: Свет

To top