Свет

Министерство за одбрана на Русија: Ниту една цел на територијата на Полска не беше предвидена како мета

Москва со соопштение за инцидентот со руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, за што алармира Варшава

Руското Министерство за одбрана издаде соопштение по повод инцидентот со навлегувањето на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, за што претходно алармираа властите во Варшава. Според министерството, нападот бил насочен исклучиво кон однапред одредени цели, а Полска не била дел од нив.

„Целите на нападот се успешно остварени. Сите планирани цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше предвидена како мета“, се наведува во официјалното соопштение.

Оттаму дополнуваат дека беспилотните летала користени во операцијата имаат дострел ограничен на 700 километри, што, според нив, укажува дека навлегувањето во полскиот воздушен простор не било намера. Сепак, руското Министерство за одбрана изрази подготвеност за дијалог, велејќи:

„Подготвени сме да одржиме консултации со полското Министерство за одбрана за да се разјасни ова прашање“.

Кремљ, од своја страна, одби да даде детален коментар за инцидентот, нагласувајќи дека ова е прашање што треба да го адресираат одбранбените функционери. Портпаролот на Кремљ рече дека Министерството за одбрана е надлежно да ги разгледа и коментира деталите поврзани со овој случај.

Инцидентот предизвика силна реакција во Полска, каде властите потврдија дека собориле неколку дронови, а остатоци од еден веќе се пронајдени. Полска го активираше член 4 од договорот на НАТО за консултации, а во операцијата за заштита на воздушниот простор учествуваа полски Ф-16, холандски Ф-35 и италијански АВАКС авиони.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top