Свет

Руте го олади Киев: Украина не е на дневниот ред во НАТО

Генералниот секретар на Алијансата не очекува украински прием во блиска иднина поради резервираноста на четири членки

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ретерира од своите категорични ставови до неодамна за перспективите на украинското членство во Алијансата.

„На самитот на НАТО во Вашингтон, на кој беше одбележана 75-годишнината на Алијансата, беше постигнат договор за неповратноста на патот на Украина кон членството во НАТО. Во исто време реалноста е таква што некои земји, вклучувајќи ги Германија, Словачка, Унгарија и САД, засега го одложуваат овој процес. Затоа, не мислам дека прашањето за пристапување е на дневен ред во моментов, во смисла дека таа тема активно се разгледува. Не мислам дека јас лично или ние заедно ќе го решиме тоа прашање во блиска иднина. Тоа е коректната оценка на ситуацијата“, изјави Руте во институтот „Роналд Реган“.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top