Свет

САД планираат да го „удрат“ Иран викендов!?

Централната команда на САД подготви опции и ги подготви своите сили за проширување на војната, вклучително и силно двонеделно бомбардирање на ракетните постројки на Иран

Американската војска се подготвена да започне серија напади врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи го и местото кое се наоѓа под планината Пикасе, јужно од Техеран.

Ова го откри Си-Ен-Ен, повикуваше на свои извори: „САД планираат нови напади врз Иран уште овој викенд, бидејќи претседателот Доналд Трамп бара решение за војната“, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со плановите.

Точниот опсег на нападите и потенцијалните цели што САД би можеле да ги нападнат не беа јасни, а двајцата функционери предупредија дека нападите би можеле да бидат откажани.

Трамп, зборувајќи на состанокот на кабинетот претходно во петокот, најави обнова на тешките напади, додека истовремено го искажа гневот кон дипломатските напори што не успеаја.

„Ќе ги погодиме многу силно“, рече Трамп. „Во одреден момент, тие ќе речат: „Едноставно не можеме повеќе да издржиме.“; објави Си-Ен:Ен

Централната команда на САД подготви опции и ги подготви своите сили за проширување на војната, вклучително и силно двонеделно бомбардирање на ракетните постројки на Иран.

Исто така, се планираат опции што би ги таргетирале енергетските постројки, рекоа функционерите.

Според американските претставници, подготовките се интензивирани во изминатите неколку дена.

Според податоците од американските и израелските разузнавачки служби, Иран преместил голем број нуклеарни центрифуги дизајнирани за збогатување на ураниум во подземни тунели под планината Пикасе од други нуклеарни објекти кои беа подложени на масовни американски напади во јуни минатата година.

Претходно, СиБи-Ес њуз, повикувајќи се на извори, објави дека САД и Израел планираат едно од најголемите бомбардирања на објекти за енергетска инфраструктура во Иран овој викенд.

Според нивните податоци, раководството на САД разговарало за можноста за завршување на таква операција пред отворањето на финансиските пазари во понеделник поради загриженост за влијанието на бомбардирањата врз американската и глобалната економија, но конечниот момент сè уште не е утврден.

Според неколку американски извори, Израел е известен и се координира со САД. Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не дал конечно одобрение за нападите, соопштија официјални лица.

Планот за воен напад беше дискутиран на состанокот што Трамп го одржа со членовите на администрацијата во Кемп Дејвид во петокот. Некои од политичките советници на претседателот беа силно против, изјави еден од изворите за CBS News.

Најнови вести од: Свет

Шпанија експресно врати десетици илјади мигранти кои пливајќи стигнаа до нејзиниот брег

Шпанските власти соопштија дека најмалку 61 лице загинало обидувајќи се да ја премине границата во Сеута – од 60.000 мигранти кои влегле на шпанска територија од Мароко, 53.000 се вратени во Мароко, соопштија властите.

To top