Свет

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Зеленски вели дека трилатералниот состанок бил идеја на Вашингтон во последен момент, договорен дури по неговата средба со Трамп во Давос

Првите трилатерални мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби. Средбата следи по разговорите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Давос и средбата меѓу американската делегација и Владимир Путин во Москва, објави Скај њуз.

Потврдата за учеството на Русија дојде откако Владимир Путин се сретна во Москва со мировниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет, Џаред Кушнер.

Кремљ ги опиша четиричасовните разговори како „исклучително суштински, конструктивни и… исклучително искрени и доверливи“, но исто така изрази сомнежи за можноста за значителен напредок.

Во соопштението се повтори предупредувањето дека нема перспектива за долгорочно решение доколку не се решат територијалните прашања, за што Кремљ рече дека било договорено на минатогодишниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска.

Москва додаде дека Русија ќе продолжи со воените дејствија додека не се постигне дипломатско решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посочи дека трилатералната средба била идеја од Вашингтон во последен момент, договорена дури по неговата средба со Трамп во Давос. Киев соопшти дека ќе ги испрати главниот преговарач Рустем Умеров и началникот на кабинетот на Зеленски, Кирил Буданов, на разговорите. Москва соопшти дека рускиот тим ќе го предводи адмиралот Игор Костјуков.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top