Свет

Агресорот мора да престане со нападите

Војната не може да заврши преку задушување на отпорот на Украина

 

Војната може да заврши само доколку агресорот, Русија, престане со своите напади, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, како одговор на изјавите на Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател, пренесува украинскиот медиум „Зеркало недели“.

„Сè додека Русија верува дека може да ги оствари целите на својата инвазија – цели кои очигледно не успеа да ги постигне на бојното поле – преку вршење притисок врз Украина да капитулира, таа нема да биде подготвена за сериозни преговори.

Токму затоа, одржувањето и засилувањето на притисокот врз Русија остануваат клучни за завршување на оваа војна. ’Мир преку сила‘ е единствената одржлива стратегија. Сепак, оваа сила мора да биде насочена против агресорот, а не против земјата што се брани“, истакна Сибиха.

Јуриј Ушаков, советник на лидерот во Кремљ, претходно изјави оти ставот на Европа ги спречува Соединетите Држави да ѝ наметнат мировен договор на Украина.

По неодамнешната средба меѓу Путин и Виткоф на 21 октомври, се појавија информации дека Москва изразила подготвеност за продолжување на трилатералните преговори во формат Русија – САД – Украина.

Според Ушаков, нова рунда разговори би можела да се одржи во Абу Даби. Во неделата, Ушаков изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи овие трилатерални преговори по 4 ноември.

Најнови вести од: Свет

Меланија Трамп: „Ќе видиме“

Во последните денови, Меланија Трамп се вклучи и во хуманитарни преговори поврзани со војната. Белата куќа соопшти дека таа помогнала да се обезбеди локален прекин на огнот за окупираниот град Олешки во регионот Херсон, со што се овозможило доставување хуманитарна помош и евакуација на цивили

To top