Свет

Социјалистите на Еди Рама победници на изборите во Албанија

Социјалистичката партија на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, е во убедливо водство на парламентарните избори одржани вчера, покажуваат најновите податоци објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), пренесува 4 NEWS. До утрово се пребројани 1.083 гласачки кутии од вкупно 5.225, а социјалистите,  имаат освоено 53,26% од гласовите. Првичната распределба на мандати укажува дека Социјалистичката партија […]

Социјалистичката партија на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, е во убедливо водство на парламентарните избори одржани вчера, покажуваат најновите податоци објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), пренесува 4 NEWS.

До утрово се пребројани 1.083 гласачки кутии од вкупно 5.225, а социјалистите,  имаат освоено 53,26% од гласовите.

Првичната распределба на мандати укажува дека Социјалистичката партија освоила 82 пратенички места, со убедливо водство во изборните единици Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.

Премиерот Рама се огласи на социјалните мрежи рано изутрина, објавувајќи фотографија од розовото партиско седиште со симболичната порака: „Каква зора е денес“, придружена со бројот 5 – изборниот број на партијата.

Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија (ДП) освои 50 мандати, што е за 13 помалку од претходните избори.

Лидерот на ДП, Сали Бериша, на прес-конференција нешто пред полноќ, не прецизираше дали ќе го признае изборниот резултат, тврдејќи дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да го фалсификуваат исходот.

Првично објавените излезни анкети наговестија изборен триумф на актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама.

„Социјалистите  освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од „Албениан пост“, објави Топ чанел.

Ова ѝ обезбедува на партијата 79 мандати во парламентот со 140 пратеници.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top