Свет

Спасен од под урнатини осум дена по разорниот земјотрес

Чуварот Хернан Гил се верува дека бил закопан под околу 140 тони бетонски блокови

 

По осум дена Под урнатините на зграда, спасувачките тимови по 8 дена го извлекоа жив чуварот Хернан Гил во крајбрежниот регион Катија Ла Мар во Венецуела, објави Си-Би-Ес Њуз.

„Тоа е вистинско чудо“, вели неговата сопруга Гусбимар Гонзалес. „Целосно сум изненадена бидејќи првпат видов толку многу земји да се здружат вака за да спасат еден единствен човек“, додаде таа.

Спасувачките тимови од Венецуела, Чиле, САД, Португалија, Костарика, Ел Салвадор и Мексико работеле деноноќно во последните три дена откако остварија контакт со Гил пред четири дена.

Чуварот Хернан Гил се верува дека бил закопан под околу 140 тони бетон.

Операцијата била исклучително комплицирана поради опасноста од нови уривања поради постојаните последователни потреси.

И покрај некои успешни спасувачки операции, надежите за пронаоѓање повеќе преживеани се намалуваат. Во најпогодениот град Ла Гуаира, повеќето згради што се пребаруваат сега се означени со буквата „Д“ – знак дека не се пронајдени знаци на живот. „Времето не се губи на место каде што не се очекува спасување животи“, изјави шпанскиот спасувач Хавиер Родес.

Според официјалните податоци, жртвите се веќе близу 2.600 лица. Властите претходно објавија 2.295 мртви, повеќе од 11.000 повредени и речиси 13.000 останаа без покрив над главата, додека десетици илјади се уште се водат како исчезнати.

Најнови вести од: Свет

Германската Влада се согласи за клучните реформи за излез од кризата

Практиката вработените да одат на краткотрајно боледување само со телефонски повик ќе биде укината, а реформата предвидува ослободување на компаниите од товарот на барање одобрение, како и намалување на стандардите за заштита на податоците на минимум на Европската Унија.

Најнови вести

To top