Свет

Средношколец со нож нападнал 7 соученици

Напаѓачот е 19-годишен ученик во училиштето и дека двајца од повредените се во тешка состојба.

Седум лица се повредени во напад со нож во едно училиште во Полска, јавува Ројтерс.

Од полицијата соопштија дека напаѓачот е приведен.

Градоначалникот на Остроленка – градот каде што се случи инцидентот – потврди дека дошло до напад и дека се повредени неколку лица.

„Најважната информација е дека ситуацијата е под контрола“, изјави градоначалникот Павел Њевјадомски.

Приватната радиостаница РМФ ФМ (RMF FM) објави дека напаѓачот е 19-годишен ученик во училиштето и дека двајца од повредените се во тешка состојба.

Повеќето од жртвите се ученици, иако е повредена и една наставничка.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top