Свет

Судија спречи депортација на 5.годишно дете од САД

Петгодишниот Лиам Конехо Рамос бил одведен од дворот на неговото семејство минатата недела откако федералните агенти го уапсија неговиот татко, кој е по потекло од Еквадор

Амаерикански федерален судија привремено ја блокираше можната депортација на 5-годишно момче и неговиот татко кои беа уапсени во предградие на Минеаполис минатата недела и префрлени во притворен центар во Тексас.
Одлуката беше донесена откако апсењето на момчето предизвика јавeн револт, објави CNN.

Петгодишниот Лиам Конехо Рамос бил одведен од дворот на неговото семејство минатата недела откако федералните агенти го уапсија неговиот татко, Адриан Александар Конехо Ариас.

Притворањето на детето, како и фотографијата што стана вирална на агент кој го држи исплашеното момче за неговиот ранец Спајдермен, дополнително го разгореа гневот кај противниците на сеопфатната имиграциска акција на администрацијата на Трамп во Минесота, каде што се притворени неколку деца и тинејџери.

Федералniot судија во понеделник пресуди дека „секое потенцијално или очекувано отстранување или трансфер на подносителот на барањето Адриан Конехо Ариас и малолетното дете Л.Ц.Р. ВЕДНАШ СЕ ОДЛОЖУВА до понатамошна наредба на овој Суд“.

Судскиот документ, исто така, наведува дека федералните службеници „НЕ смеат да ги ОТСЕЛУВААТ подносителите на барањето… надвор од овој судски округ за време на траењето на оваа парница“. Момчето и неговиот татко биле префрлени во семеен притворен центар во Дили, Тексас.

Министерството за внатрешна безбедност вели дека таткото на Лиам е „нелегален странец“ од Еквадор и дека агентите го зедоа момчето со себе откако таткото изрази желба Лиам да остане со него.

Помошничката секретарка на DHS, Триша Меклафлин, рече дека таткото се обидел да избега пешki додека агентите се приближувале, „оставувајќи го своето дете зад себе“.

Таа додаде дека службениците „постојано се обидувале да ја убедат мајката, која била во куќата, да го преземе старателството над детето“ и ја увериле дека „НЕМА да биде притворена“, но таа одбила.

Од друга страна, адвокатот на семејството тврди дека таткото не сторил никакво кривично дело и дека ги следел „сите пропишани процедури“ за законски да побара азил во Соединетите Држави, вклучително и појавување на судски рочишта.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top