Свет

Тајна средба во Мадрид за спас на Украина

Следната недела во Мадрид ќе се одржи строго доверлив состанок на европските сојузници на Украина, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Следната недела во Мадрид ќе се одржи строго доверлив состанок на европските сојузници на Украина, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Организаторите побарале „максимална тајност“ за средбата закажана за вторник, 4 ноември. Делегатите од 35 земји ќе мора да ги остават своите мобилни телефони во посебна просторија и да се воздржат од објавување информации на социјалните мрежи. Целта е усогласување на нови пакети воена и финансиска помош за Киев, како и зголемување на притисокот врз Русија.

Според документите до кои дошле шпанските медиуми, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина и за начините на долгорочна координација меѓу западните партнери. На состанокот ќе присуствува и шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.

Од друга страна, вниманието го привлекува и одложувањето на планираната лична средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. Причините за одложувањето не се соопштени, но дипломатски извори во Вашингтон наведуваат дека состанокот ќе се одржи „кога условите ќе бидат соодветни“.

Средбата се организира во период на зголемени тензии меѓу Москва и Западот. Кремљ претходно овој месец тврдеше дека украинските сили не би можеле да изведуваат напади врз енергетски цели во длабочина на Русија без директна поддршка од западните разузнавачки служби. Москва истакна дека воената помош од Запад само ќе го продолжи конфликтот, без суштинска промена на фронтот.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top