Македонија

Морничав случај во Гостивар: Син го убил татка си, па се обидел да ги прикрие трагите со миење на телото

По извршеното убиство, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите од делото.

Семејна расправија во гостиварската населба Дутлок завршила со трагично убиство. 33-годишен маж е осомничен дека со умисла го лишил од живот својот татко, а потоа се обидел да ги прикрие трагите од злосторството.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар информираат дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, настанот се случил во семеен дом, каде по претходни недоразбирања избила жестока расправија меѓу таткото и синот.

Осомничениот го нападнал таткото, удирајќи го со раце и тврди метални предмети, при што му нанесол тешки телесни повреди од кои 63-годишниот маж починал на местото.

По извршеното убиство, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите од делото.

Тој го измил телото на починатиот и го подготвувал за погреб, со цел да го сокрие злосторството.

Случајот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин, кој се јавил од странски телефонски број.

Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот, а увид извршил и јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради постоење ризик од бегство, како и опасност дека може да влијае врз сведоците и да ги прикрива или уништува траги од делото.

Син осомничен за убиство на својот татко во Гостивар

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top