Свет

„Тему“ става крај на пратките од Кина во САД поради американските царини

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки. Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина. Според […]

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки. Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина.

Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските клиенти на платформата Tему веќе почнале да гледаат дополнителни „даноци за увоз“ од 130 до 150 проценти, а како одговор, компанијата престана да ги прикажува производите од Кина како достапни, додека понудите сега се ограничени на стоки од американски магацини.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top