Свет

Teриторија за мир, предвидува новиот мировен план за Украина

СДе предлага Киев да се откаже од територијата и дел од оружјето

 

САД му сигнализираа на претседателот Володимир Зеленски дека Украина треба да ја прифати рамката што ја изготвија за завршување на војната со Русија, во која се предлага Киев да се откаже од територијата и дел од оружјето, изјавија две лица запознаени со ова прашање,за Ројтерс

Изворите велат дека меѓу предлозите е и намалување на големината на вооружените сили на Украина. Вашингтон сака Киев да ги прифати главните точки, велат тие.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон „ќе продолжи да развива список на потенцијални идеи за завршување на оваа војна врз основа на придонесите на двете страни во овој конфликт“.

„За да се заврши сложена и смртоносна војна како онаа во Украина, потребна е широка размена на сериозни и реални идеи. А постигнувањето траен мир ќе бара од двете страни да се согласат на тешки, но неопходни отстапки“, истакна тој.

Висок украински функционер претходно објави дека Киев добил „сигнали“ за низа американски предлози за завршување на војната што Вашингтон ги разговарал со Русија.
Украина немала никаква улога во подготовката на предлозите, објасни изворот.

Зеленски, кој во вторник разговараше во Турција со претседателот Реџеп Таип Ердоган, денес ќе се сретне со претставници на американската војска во Киев.

Во порака на Телеграм, украинскиот лидер не ја спомена рамката на Вашингтон, но повика на ефикасно американско водство за да се помогне во завршувањето на војната што трае повеќе од 3,5 години.

Тој рече дека само САД и американскиот претседател Доналд Трамп „имаат доволно сила конечно да ја завршат војната“.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top