Свет

Трамп бара Србија да прими депортирани лица од САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да примат мигранти депортирани од САД, објавува „Блумберг“. Барањето до балканските земји е дел од пошироката стратегија на САД за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да примат депортирани мигранти, објавува американскиот медиум, повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за […]

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да примат мигранти депортирани од САД, објавува „Блумберг“.

Барањето до балканските земји е дел од пошироката стратегија на САД за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да примат депортирани мигранти, објавува американскиот медиум, повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански земји станува збор.

Белата куќа, Стејт департментот и српското Министерство за надворешни работи сè уште не ги коментираа извештаите на „Блумберг“.

Минатиот месец, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на стотици илјади мигранти од Венецуела, Куба, Хаити и Никарагва кои живеат во САД.

Властите сега бараат потенцијални дестинации за овие мигранти кои би можеле да бидат депортирани, објавува „Блумберг“.

Медиумот, исто така, наведува дека Србија е важна за семејството Трамп поради облакодерот во Белград што ќе го гради инвестициска компанија ко-основана од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top