Свет

Трамп бара Зеленски да престане да ги напаѓа руските рафинерии за дизел

Разговаравме со г-дин Зеленски за тоа. Постојат многу други цели. Не го таргетирајте дизел горивото – рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот претседател  Володимир Зеленски да престане да ја напаѓа руската дизел инфраструктура, велејќи дека нападите предизвикуваат недостиг на дизел.

– Разговаравме со г-дин Зеленски за тоа. Постојат многу други цели. Не го таргетирајте дизел горивото – рече Трамп, кој го поминува викендот во Ирска, каде што го гледа голф турнирот „Ирска опен“ на едно од неговите голф терени.

Американскиот лидер го обвини Зеленски за зголемувањето на цените на дизелот во светот.

– Зеленски мора да направи едно нешто. Мора да престане да ги уништува руските капацитети за производство на дизел. Тој предизвикува недостиг на дизел. Тоа не го прави Блискиот Исток. Тоа е последица на она што се случува меѓу Русија и Украин – заклучи Трамп.

Претходно, американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека украинските напади врз руските рафинерии за нафта се еден од факторите што влијаат на обемот на глобалното снабдување со дизел гориво.

Тој истакна дека прекините кои дојдоа по нападите веќе влијаат на цените на горивото на светскиот пазар.

Украина неодамна изврши напади со оружје со долг дострел врз рускиот нафтен и гасен сектор, што, според тврдењата од Киев, ја финансира и директно ја иницира руската војна против Украина. По успехот украина продолжи да ги напаѓа енергетските капацитети на Русија што доведе до недостиг на гориво во Русија и запирање на извозот на дизел.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top