Свет

Трамп чита Библија од Овалната соба по судирот со папата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп читаше дел од Стариот завет во рамки на настанот „Америка чита Библија“, одржан како симболична прослава на духовните темели на САД, само неколку дена по јавниот судир со папата Лав XIV.

Американскиот претседател Доналд Трамп читаше дел од Стариот завет во рамки на настанот „Америка чита Библија“, одржан како симболична прослава на духовните темели на САД, само неколку дена по јавниот судир со папата Лав XIV.

Во видео-порака снимена од Овалната соба, Трамп го прочита стихот од Втората книга Летописи (7:14): „И ако се понижи мојот народ… ќе му простам гревот и ќе ја излечам неговата земја“, додека зад него беше истакнато претседателското знаме.

Настанот е дел од еднонеделен маратон на читање на Библијата, организиран од конзервативната фондација „Фемили полиси алајанс“, во соработка со иницијативата „Кристијанс енгејџд“. Организаторите го претставуваат како обид за враќање на нацијата кон духовните вредности и семејните принципи.

Појавувањето на Трамп доаѓа во чувствителен момент, откако претходно предизвика бурни реакции со изјава за можност од „бришење на иранската цивилизација“, како и по објавата на фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан како Исус.

Папата Лав XIV остро ги осуди неговите изјави, нарекувајќи ги „неприфатливи“, по што Трамп возврати со критики на социјалните мрежи, оценувајќи го папата како „слаб“ и „лош за надворешната политика“.

Овој судир дополнително ја усложнува позицијата на Републиканската партија пред изборите за Конгресот во 2026 година, особено имајќи предвид дека, според анкети, повеќе од 80 проценти од американските католици имаат позитивен став за папата.

Настапот со читање на Библијата, според дел од аналитичарите, е обид на Трамп да ја консолидира поддршката кај религиозните гласачи, но истовремено ги отвора и прашањата за границата меѓу политиката и религијата во актуелниот американски контекст.

 

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top