Свет

Трамп ги сака победниците и смета дека Русија е „губитник“

Претседателот Трамп смета Украина веројатно ќе биде победник, а Русија веројатно ќе биде губитник, вели поранешен функционер во Белата куќа

Американскиот претседател го променил ставот и сега е „поблизок“ до Украина бидејќи сè повеќе го гледа Киев како победничка страна, а Русија како веројатен губитник во војната.

Ова го тврди поранешниот функционер на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Метју Брајза.

Во разговор за „Киев пост“, Брајза ја нарече одлуката на Трамп да одобри лиценцирано производство на ракети-пресретнувачи „Патриот“ за Украина „длабока“ политичка и стратешка промена, објави „Киев пост“.

„Мислам дека претседателот Трамп разбира дека Украина веројатно ќе биде победник, а Русија веројатно ќе биде губитник“, рече Брајза.

„А Трамп ги сака победниците, не ги сака губитниците“.

Трамп минатата недела на самитот на НАТО во Анкара објави дека Вашингтон ќе ѝ дозволи на Украина да произведува пресретнувачи „Патриот“. Одлуката претставува значаен долгорочен поттик за Киев, иако поставувањето производствени капацитети, трансферот на технологија и организирањето на синџирите на снабдување може да потрае.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top