Свет

Трамп го прогласи Ормуски Теснец за „нова територија на САД“!

Претседателот на САД објави мапа на регионот, на која морската рута е означена како американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Ормускиот Теснец за „нова територија на САД“, според објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ денеска.

Во петокот тој рече дека ќе го прогласи овој витален теснец, низ кој поминува околу една петтина од светските резерви на нафта, за „американска територија“, но тогаш остави впечаток дека се шегува, забележува Франс прес.

Зборувајќи пред новинарите во Овалната соба во Белата куќа вчера, сепак, тој се врати на темата, коментирајќи дека тоа би било „многу добра идеја“.

Од почетокот на неговиот втор мандат во јануари минатата година, американскиот претседател спомена анексија на голем број странски територии – Канада, Гренланд и Појасот Газа, но тој никогаш не спроведе ниту една своја идеја.

АФП посочува дека Трамп го покренал прашањето за Ормускиот Теснец во време кога мирното решавање на конфликтот со Иран изгледа подалечно од кога било.

 

Најнови вести од: Свет

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Германската политичарка нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

Најнови вести

To top